Известување

Сообраќајот на пругата Скопје-Битола-Скопје е во прекин поради пожарот којшто избувна на пругата и уништи околу 1000 прагови на повеќе локации.

Стручните служби на ЖРСМ Инфраструктура работат интензивно на отстранување на дефектот и оспособување на пругата за сообраќај.

Поради овие причини сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денес па се до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај.