Во 1873 година заврши изградбата на делот од првата железничка линија во Македонија и на 9 август истата година во Скопје свечено бил пречекан првиот воз што пристигна од Солун. Во тоа време тоа беше најмодерно сообраќајно средство и биле создадени услови подоцна Македонија да биде поврзана со железничката мрежа на Средна и Западна Европа и заедно со тоа да дојде до поинтензивен контакт со европската култура.
Брзо по пуштањето во сообраќај на линијата Солун – Скопје, во 1874 година, Скопје било поврзано со железничка линија со Косовска Митровица. Пуштањето во сообраќај на првата линија во Србија (1884 година) од Белград до Ниш и нејзиното продолжување од Ниш до Врање (1886) линијата Солун-Скопје била продолжена до турско-српската граница во тоа време, така што во 1888 година била воспоставена врска меѓу македонската железница и централната и западната железничка мрежа во Европа (продолжи)