Директорот Хари Локвенец оствари средба со амбасадорот на Австрија Георг Вуцас

Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железници на Република Северна Македонија, д-р Хари Локвенец оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, неговата екселенција д-р Георг Вуцас. На средбата беше дискутирано за тековните и планираните проекти во секторот на железничката инфраструктура на Република Северна Македонија, односно за нивната важност и успешната имплементација во наредниот период. […]

Одржувањето на (железницата) пругата е вистински предизвик

 Одржувањето на (железницата) пругата е вистински предизвик. Вчерашните дождови предизвикаа штета на неколку делови од железничката траса на коридорот 10. Поправката е завршена во рок од два часа и продолжуваме со сообраќај. Голема почит за работниците на железницата кои во секое време се подготвени да интервенираат .

Дополнително осигурување на патен премин во населеното место Порој, општина Тетово

Патниот премин на км 41+360 на железничката пруга Ѓорче Петров – Кичево меѓу железничките станици Јегуновце и Тетово, во ниво со локалниот пат во населеното место Порој, општина Тетово, досега беше патен премин од III категорија, осигуран со сообраќајни знаци на патната сигнализација. На барање на месното население, со цел за зголемување на безбедноста на сообраќајот, подигнат […]

Одложен почетокот на сообраќај на меѓународните возови

Поради актуелната состојба во државата со COVID-19 се одложува почетокот на сообраќај на меѓународните возови бр.1334 и 1335 на релација Белград -Скопје -Солун и обратно кој беше предвиден да започне на 12/13.6.2020 година. Ова известување ќе важи до негово отповикување, односно до создавање на услови за непречен проток на патници помеѓу Република Србија, Северна Македонијa и Грција.

9 –ти април – Ден на железничарите

Денеска, 9 април 2020 година,  Железници на Република Северна Македонија прославуваат 147 години од воспоставувањето на првата железничка линија помеѓу Солун – Скопје во далечната 1873 година. Токму поради тоа 9-ти април е прогласен за Ден на железничарите. Во таа чест Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници  на Република Северна Македонија, Фестим Халили на сите вработени во […]

Скратен назив на претпријатието

Во Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за основање  на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, објавена во Службен Весник Бр. 86 од 1 април 2020 година, се наведува дека скратениот назив на претпријатието е ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, а скратениот назив на претпријатието за меѓународен промет е ZRSMI.

Нормализиран е железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола

Нормализиран е железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола   На 31 март 2020 година во 14.00 часот е нормализиран железничкиот сообраќај на пругата Велес- Битола, по отстранувањето на одронот којшто се случи на стационажа км 22 + 270 помеѓу СТО Стариград и Стојалиште Мартолци. Екипите на стручните служби на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РС […]

Патен премин во Порој

Решен проблемот со железничкиот премин во Порој кај Тетово Жителите од село Порој пред неколку дена се пожалија дека железничкиот премин во нивното село нема осигурување. Тие, за локалните медиуми, изјавија дека нема сигнализација на овој премин поради што се чуствуваат несигурни кога одат на нивните ниви. Иако сообраќањето на возовите во овој дел е […]

Известување за променет возен ред

Согласно заклучоците и насоките дадени со Одлука на Владата на Република Северна Македонија во насока на спречување на ширење на вирусот (COVID -19), донесени на седницата одржана на 21.03.2020 година, на која е донесена Одлука со која од 22.03.2020 година од 21:00часот се ограничува движењето на цела територија (полициски час од 21:00 до 06:00 часот), […]

Известување за одрон на пруга

ИЗВЕСТУВАЊЕ На 15 март 2020 година на пругата Велес- Битола во 22.00 часот дошло до одрон на пругата на стационажа км 22 + 270 помеѓу СТО Стариград и Стојалиште Мартолци. Над 1000 м3 камен материјал  е одронет на пругата во должина од 10 м. Екипите на стручните служби на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РС Македонија […]