Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, Хари Локвенец, се сложува со граѓаните дека е фрапантна информацијата дека возот од Велес кон Скопје оди со брзина од 20 километри на час, но во разговорот за „Утрински печат“ објаснува дека тоа е неопходно од безбедносни причини.

– Кога би ви одговорил како граѓанин би кажал фрапантна е информацијата дека од Скопје од Велес мора да се возите со 20 километри на час, но морам да ви одговарам како директор на јавнто претпријатие кое покрај обврската за градење нови пруги ја има и обврската да се грижи за безбедноста на патниците. После 10 години ние првпат имавме машинско мерење на квалитетот на железничката пруга и врз база на добиените информации експертите не советуваа да дадеме телеграма за намалување на брзината на 20 километри на час. Единствена причина е грижата за безебдноста и сигурноста на патниците. За првпат се соочивме со вистината и се охрабруваме да ја споделиме со македонската јавноста, а тоа дека имаме прагови стари над 50 години, а таква состојба има не само кај нас, туку и во земји од ЕУ. Тоа подразбира итна инвестиција, реконструкција и рехабилитација на пругата. Тоа бара работна сила, инвестиции и квалитетен машински парк – изјави Локвенец и додаде дека не би сакал да лицитира со датуми до кога возот од Велес ќе оди со брзина од 20 км/час.

Тој најави и дека Владата подготвува програма за поголема рехабилитација на пругите, а посебно на Коридорот 10 затоа што е главна артерија за поврзување на егејските пристаништа со Централна Европа.

Целото интервју со Хари Локвенец погледнете го во видеото: