Нормализиран е железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола

Нормализиран е железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола   На 31 март 2020 година во 14.00 часот е нормализиран железничкиот сообраќај на пругата Велес- Битола, по отстранувањето на одронот којшто се случи на стационажа км 22 + 270 помеѓу СТО Стариград и Стојалиште Мартолци. Екипите на стручните служби на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РС […]

Патен премин во Порој

Решен проблемот со железничкиот премин во Порој кај Тетово Жителите од село Порој пред неколку дена се пожалија дека железничкиот премин во нивното село нема осигурување. Тие, за локалните медиуми, изјавија дека нема сигнализација на овој премин поради што се чуствуваат несигурни кога одат на нивните ниви. Иако сообраќањето на возовите во овој дел е […]

Известување за променет возен ред

Согласно заклучоците и насоките дадени со Одлука на Владата на Република Северна Македонија во насока на спречување на ширење на вирусот (COVID -19), донесени на седницата одржана на 21.03.2020 година, на која е донесена Одлука со која од 22.03.2020 година од 21:00часот се ограничува движењето на цела територија (полициски час од 21:00 до 06:00 часот), […]

Известување за одрон на пруга

ИЗВЕСТУВАЊЕ На 15 март 2020 година на пругата Велес- Битола во 22.00 часот дошло до одрон на пругата на стационажа км 22 + 270 помеѓу СТО Стариград и Стојалиште Мартолци. Над 1000 м3 камен материјал  е одронет на пругата во должина од 10 м. Екипите на стручните служби на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РС Македонија […]

65-то Генерално собрание на ЦЕР (Заедница на Железници и Железнички инфраструктурни компании)

На 19 февруари 2020 година во Брисел  се одржа 65-то Генералното собрание на ЦЕР, на кое освен генералните директори на членките на ЦЕР, учествуваа исто така претставници на  УИЦ, ЦИТ, како и гости од Европската комисија и Железничката Агенција на ЕУ. Генералното собрание беше одржано во два дела. Во првиот дел  Henrik Hololei, генерален директор […]

Билатерална средба помеѓу директорите на претпријатијата за Железничка инфраструктура на Република Северна Македонија и Бугарија

Директорот на ЈП за  Железничката Инфраструктура , Железници на Република Северна Македонија-Скопје, г-дин Фестим Халили и генералниот директор на Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Бугарија Красимир Папукчиски, на 11 февруари 2020 година одржаа билатерална средба. На состанокот што се одржа во канцелариите на Бугарските железници во Софија, тие разговараа, меѓу другото, за продолжување на […]

За само еден месец, Фестим Халили ги покачи платите на вработените во ЈП за Железничка Инфраструктура

Скопје, 18 декември 2019 – Со одлука на директорoт на  Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Железници на Република Северна Македонија Г. Халили, платите на вработените во оваа претпријатие се покачени за 5 проценти, информираат од кабинетот на  директорот. И покрај  проблемите на оваа претпријатие во изминативе години, покачувањето на платите на вработените доаѓа по успешното […]

Г. Фестим Халили и Г. Питер Мим, ИПА менаџер на проектот од Европската железничка агенција ја потпишаа Декларацијата за култура на безбедност на 13 ноември 2019 година во Белград

Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија-Скопје, Г. Фестим Халили и Г. Питер Мим, ИПА менаџер на проектот од Европската железничка агенција ја потпишаа Декларацијата за култура на безбедност на 13 ноември 2019 година во Белград. Декларацијата е потпишана  во рамките на ИПА самитот за потпишување на оваа Декларација којшто се […]

Средба со претставници на Хрватската регулаторна агенција за мрежни дејности и со директорот на Агенцијата за регулирање на железничкиот

На 11.11.2019 година, Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, д-р Festim Halili оствари официјална средба со д-р Никола Поповиќ, член на советот на ХАКОМ – Хрватската регулаторна агенција за мрежни дејности и  м-р Боре Еркечов, директор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор во Република Северна Македонија. На официјалната […]