Денеска, 9 април 2020 година,  Железници на Република Северна Македонија прославуваат 147 години од воспоставувањето на првата железничка линија помеѓу Солун – Скопје во далечната 1873 година.

Токму поради тоа 9-ти април е прогласен за Ден на железничарите.

Во таа чест Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници  на Република Северна Македонија, Фестим Халили на сите вработени во претпријатието им го честита празникот на железничарите посакувајќи им  успех и здравје, како и развој и успешно работење на претпријатието овозможувајќи им на луѓето пријатно и удобно патување со воз