9-ти АПРИЛ – ДЕН НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ

 

Денеска, 9 април 2022 година одбележуваме 149 години од постоењето на железницата на територијата на Македонија по пристигнувањето на првиот воз од Солун до Велес, во далечната 1873 година

По тој повод,  директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец  им го честита празникот на вработените, посакувајќи им успешна и плодна работа.

На прес-конференцијата којашто се одржа  денес по повод 149-годишнината од постоењето на македонски железници на мостот пред железничката станица во Неготино, меѓу другото директорот Локвенец го истакна следново:

„На 9-ти април, далечната 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот.

Затоа,  дозволете да им се заблагодарам и на сите ветерани и сегашни вработени  и да им го честитам 9 април – Денот на македонските железничари. Со посветена работа и истрајност,  ќе ги надминеме сите предизвици.

Наредната година ќе  го одбележиме нашиот голем  150 годишен јубилеј  со реализација на значајни проекти, зошто ние не ветуваме напразно, туку и реализираме. Изградбата на железнички пруги значи изградба на историјата.

Наш приоритет број еден е изградбата на Коридорот 8 на источниот и западниот дел со што граѓаните и стопанството ќе имаат железнички пристап од Црното и Јадранското море, истото дополнително ја засилува оправданоста и придобивките на овој проект како за Република Северна Македонија така и за регионот во целина.

За неколку недели го потпишуваме договорот со новиот изведувач, по што   почнува градбата на железницата кон Бугарија, по  чијашто реализација, двата народи и двете држави ќе имаат огромен број  просперитетни можности за меѓусебна соработка. Со ова започнуваме со реализација и остварување на тридецениската желба и потреба  на граѓаните.

Оваа година , Денот на железничарите го одбележуваме во работна атмосфера, односно и денеска се испитува носивоста на железничките мостови со статичко и динамичко оптоварување и се прават најсовремени испитувања во соработка со професори од градежните факутети во Скопје и Љубљана, а со цел зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај.

Мостот на којшто се наоѓаме е пред железничката станица во Неготино. Токму затоа и оваа прес конференција ја одржуваме на оваа локација, за да покажеме и доажеме дека безбедноста на нашите граѓани за нас е најважна.

Овој  наш  празник го одбележуваме со јасно потврдениот интерес за вредноста и перспективите на железничкиот сообраќај и за огромните придобивки кои лежат во потенцијалите на вкрстувањето на Коридорот 8 со Коридор 10.

Сакам да истакнам и тоа дека наредната   2023 година,  ќе се отвори првиот Музеј на Македонски Железници, со цел достоинствено одбележување на Јубилејот 150 годишното постоење на железниците во Република Северена Македонија и основање на првиот историско – технички музеј во нашата држава, кој ќе функционира како составен дел на Јавното Претпријатие, и вечно ќе сведочи за за 150 годишната  историја на македонски железници.“

Нека ни е среќен и вечен празникот!

На видеото подолу можете да ја слушнете изјавата на директорот Локвенец дадена за агенцијата МИА: