Честит 8 април, денот на македонските железничари. На овој ден, во 1873 година во Велес за првпат е пристигнат првиот воз од Солун и со тоа е започнат развојот на железничкиот сообраќај во Македонија. 152 години подоцна нашето претпријатие посветено работи на проширување на железничката инфраструктура во нашата држава и поврзување со нашите соседи. Нашата посветеност кон надградбата на македонските железнички линии е нашата благодарност кон генерациите пред нас како и наш влог одржлив и еколошки прифатлив транспорт за генерациите кои доаѓаат.