На 11.11.2019 година, Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, д-р Festim Halili оствари официјална средба со д-р Никола Поповиќ, член на советот на ХАКОМ – Хрватската регулаторна агенција за мрежни дејности и  м-р Боре Еркечов, директор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор во Република Северна Македонија. На официјалната средба присуствуваа и останати експерти – претставници на трите институции.
На овој состанок беа разменети информации меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска и беа разменети искуства, коишто се од клучно значење за успешна соработка и унапредување меѓу земјите –  членки на ЕУ и земјите – кандидати за членство во ЕУ. Се дискутираше за тековните капацитети на железничката инфраструктура и идните планирани капацитети коишто ќе бидат достапни по имплементација на проекти за реконструкција и модернизација на постоечката инфраструктура и изградба на нова инфраструктура, како и за методологијата за изработка, пресметка и наплата на пристапот кон железничката структура согласно со важечките закони, прописи и регулативи.
Во оваа смисла, беше посочена и потврдена потребата за натамошна соработка за регионално вмрежување, со цел зајакнување на соработката и натамошно унифицирање и унапредување на постојните капацитети и процедури.