Средба со месното население на Крива Паланка

 

На 4 април 2022 година во просториите на општина Крива Паланка се одржа состанок помеѓу претставниците на ЈП ЖРСМ Инфраструктура и засегнатите граѓани на Крива Паланка околу прашањето за експропријација на нивните имоти.

Тимот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура предводен од директорот д-р Хари Локвенец им го презентираа на граѓаните  проектот за изградбата на железничката пруга од Крива Паланка до границата со Република Бугарија.Состанокот беше доста продуктивен, така што граѓаните добија одговори на многу нивни поставени прашања.