На 2 април 2021 година во дирекцијата на НКЖИ во Софија, делегација на ЈП ЖРСМ Инфраструктура предводена од в.д директорот Хари Локвенец се сретна со делегацијата на НКЖИ предводена од генералниот директор Красимир Папукчијски.

Овој состанок претставува  продолжување на разговорите водени на средбата од минатата година помеѓу двете инфраструктурни компании.

На состанокот се дискутираше за напредокот во  железничкото поврзување помеѓу двете земји. Директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура го презентираше развојот на работите на  трите проектни фази на Коридор 8 на нашата територија, а генералиот директор на НКЖИ ги презентираше проектите во тек на Коридор 8 на територијата на Р.Бугарија. Во фокусот на состанокот беше и проектот за изградба на тунелот на Деве Баир.

На состанокот се нагласи потребата од одржување на трилатерална средба помеѓу Албанија, С.Македонија и Бугарија на која би се дискутирало за железничкото поврзување помеѓу Јадранско и Црно море.