ЈП ЖРСМ Инфраструктура –Скопје ги известува граѓаните дека поради изведување на електромонтажни работи на сигнално сигурносните постројки, односно монтажа на бројачи на осовини, автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Куманово – Романовци ќе биде исклучен од редовна работа во период од 07.05.2024 година до ден 27.05.2024 година.
Патните премини во с. Превој, во с. Липково и патниот премин во Романовци-Брзак ќе бидат исклучени од работа.
Сообраќајот на горенаведените патни премини ќе се одвива во согласност со постоечките сообраќајни правила и прописи во случај кога патните премини не работат.