Самит на генерални и извршни директори на европските железнички инфраструктурни компании

Директорот на ЖРСМ инфраструктура, Г. Хари Локвенец учествуваше на Самитот на генерални директори на европски Управители на инфраструктура, на покана на Г. Андреас Мата, генерален директор на ОББ, којшто се одржа во Виена На 9 јули. Околу 30-ина извршни и генерални директори учествуваа на овој самит.

Дигитализацијата на железничкиот сектор и воената ситуација во Украина беа главен фокус на Самитот, на којшто беа потпишани две Декларации.

Во Декларацијата за дигитализација, генералните директори на европските железнички инфраструктурни компании се согласија дека дигитализацијата е клучниот фактор за идниот успех на железничкиот систем. Во Декларацијата се вели дека  дигитализацијата ќе му помогне на железничкиот систем да се развива и да биде пококурентен.

Потпишана е и декларација за поддршка на Украински железници. Европските железници се веќе вклучени за да се помогне  во превозот на лица и стоки  од Украина.