Паневропски коридор VIII — еден од десетте паневропски сообраќајни коридори, и го поврзува Јадранско Море со Црно Море преку Албанија, Македонија и Бугарија. Основната траса на паневропскиот коридор VIII е: Бари – Драч – Тирана – Елбасан – Струга – Кичево – Гостивар – Тетово – Скопје – Куманово – Крива паланка – Ќустендил – Софија – Пловдив – Бургас.