Делегација од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија предводена од економскиот аташе г-дин Рајан Милер и советникот за трговски прашања, г-дин Арбен Гега денеска беа во работна посета на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија.
Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, м-р Зоран Трифуновски на работната средба на која присуствуваа помошникот директорот за пруги, Дритон Руси и шефот на канцеларијата на директорот Илија Ставрески, ги информираше претставниците од амбасадата на САД за плановите за инвестиции, за важноста на Коридорот 8 (Албанија-Бугарија), при што се дискутираше и за предизвиците со кои се соочува претпријатието во оддржувањето на железничката мрежа.
Претставниците од амбасадата на САД дадода голема поддршка за реализација на Коридорот 8 или познат како НАТО Коридор, затоа што со негова изградба Република Северна Македонија ќе добие подобра железничка инфраструктура која ќе го олесни меѓусебното поврзување на земјите од регионот, но истовремено ќе придонесе и за економски раст на нашата држава.