Делегација од амбасадата на Белгија во Букурешт, која е надлежна и за Република Северна Македонија предводена од советникот за економија и трговија, г-дин Пјер Ануа заедно со г-ѓа Елена Никодиновска (почесен конзул) беа во работна посета на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија.
Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, м-р Зоран Трифуновски на работната средба на која присуствуваа помошникот директор за пруги, Дритон Руси и шефот на канцеларијата на директорот Илија Ставрески, ги информираше економскиот советник и почесниот конзул за тековните инвестиции, односно за текот на изградбата на Коридорот 8 и реконструкција на Коридорот 10.
На средбата, присутните заеднички заклучија дека Белгија ќе стои на располагање за продлабочување на соработката со нашата држава, во насока на поддршка и помош при реализација на стратешки инвестиции за модернизација на железничката инфраструктура, како клучен фактор за меѓусебното поврзување и развој на земјите од регионот.