На ден 12.02.2024 година, директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, м-р Зоран Трифуновски и претставниците на синдикалните организации при ЖРСМ Инфраструктура, Драган Арсовски, Драган Спасовски потпишаа Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор на јавното претпријатие од 20.04.2016 година.
Со потпишување на анексот на Колективниот договор се обезбедува сигурност за вработените во претпријатието. Колективниот договор, кој се постигна преку отворен дијалог и успешна взаемна дискусија помеѓу директорот и претставници на Синдикатите, се регулираат прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права, како и вреднување на трудот на вработените во ЖРСМ Инфраструктура.