Решен проблемот со железничкиот премин во Порој кај Тетово

Жителите од село Порој пред неколку дена се пожалија дека железничкиот премин во нивното село нема осигурување. Тие, за локалните медиуми, изјавија дека нема сигнализација на овој премин поради што се чуствуваат несигурни кога одат на нивните ниви. Иако сообраќањето на возовите во овој дел е ретко, сепак  постои ризик од несреќа пришто може да настрада некој од нив.  Месното население од село Порој испрати писмо до Јавно претпријатие за железничка инфраструктура  Железници на Република Северна Македонија,  барајќи решение на овој проблем.

Во писмото испратено до Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија се вели:   На жителите од село Порој, поради големата поплава која го зафати нивниот регион, неколку години наназад им е оневозможено да го користат преминот преку железничката пруга (с. Порој ) за да стигнат до нивните ниви кои се наоѓаат од другата страна на пругата во правец на Тетово.  Пристапниот пат од селото воопшто не може да се користи.  Месното население сега користи друг пат преку железничката пруга за да може да стигне до своите ниви. Овој пат се наоѓа на околу 350 метри пред преминот на железничката пруга во правец кон Скопје, кој веќе бил надвор од употреба”.

Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура  Железници на Република Северна Македонија, Фестим Халили реагираше брзо во врска со оваа барање и ветил дека проблемот на населението може да се смета за решен.

„Се гради нов премин на местото каде што побараа жителите, а исто така се поставени  и сигнални знаци“, изјави директорот  Халили.