Нормализиран е железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола

 

На 31 март 2020 година во 14.00 часот е нормализиран железничкиот сообраќај на пругата Велес- Битола, по отстранувањето на одронот којшто се случи на стационажа км 22 + 270 помеѓу СТО Стариград и Стојалиште Мартолци.

Екипите на стручните служби на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РС Македонија интензивно работеа на отстранувањето на одронот пришто беше отстрането околу 1100 м3 камен материјал.

 

На местото каде што беше одронот, возовите ќе се движат со брзина од 20км/ч.