Секторот за инвестиции, надзор и развој во рамките на своите надлежности ги извршува следните дејности:
– Надзор над изведување на градби по член 57 од Законот за градење (Службен весник бр. 130 од 28.10.2009 год.)
– Ревизија на проекти и технички решенија
– Издавање Мислење за реализација на градби во заштитен појас на железничка пруга
– Издавање Технички услови за реализација на градби во заштитен појас на железничката пруга, согласно со член 35 од Законот за железници Службен весник бр. 58 од 11.05.2007 год.) (
– Издавање Технички услови за реализација на градби од страна на правни или физички лица во заштитниот и во пружниот појас на железничката пруга, кои се изведуваат паралелно со пругата или поминуваат под трупот на пругата (оптички кабли, водоводни цевки, канализациони цевки, гасоводни цевки, цевки за термална вода, гасоводни цевки, телефонски и електрични водови)
– Надзор при изведба на градби од страна на правни или физички лица во заштитниот и во пружниот појас на железничката пруга, кои се изведуваат паралелно со пругата или поминуваат под трупот на пругата (оптички кабли, водоводни цевки, канализациони цевки, гасоводни цевки, цевки за термална вода, гасоводни цевки, телефонски и електрични водови)
– Обезбедување на затвор на пругата или воведување на бавно возење за реализација на градби во пружниот појас на железничката пруга од страна на правни или физички лица
– Издавање Мислење, Технички услови и Надзор при реконструкција и адаптација на објекти кои се издадени под закуп
– Проценка на вложени средства за реконструкција, адаптација и тековно одржување на објекти кои се издадени под закуп
No results