ЈП ЖРСМ Инфраструктура ја известува јавноста дека  поради изведување на електромонтажни работи на сигнално сигурносните постројки односно реализација на проектот Модернизација на автоматските пружни блокови,  (Монтажа на бројачи на оски ), автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовци- Миладиновци  ќе биде исклучен  од редовна  работа   во  10 часот на  ден 30.05.2024 година.

Сообраќајот помеѓу овие две станици ќе се одвива во станично растојание бидејќи патните премини  Агино село-  Поле и   Дељадровци –  Поле   ќе бидат исклучени од работа.

Сообраќајот на горенаведените патни премини ќе се одвива согласно постоечките сообраќајни правила и прописи кога патните премини не работат.

Известувањето ќе важи  до негово отповикување.