Скопје, 18 декември 2019 – Со одлука на директорoт на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Железници на Република Северна Македонија Г. Халили, платите на вработените во оваа претпријатие се покачени за 5 проценти, информираат од кабинетот на директорот.
И покрај проблемите на оваа претпријатие во изминативе години, покачувањето на платите на вработените доаѓа по успешното справување со финансиските проблеми од страна на новиот директор по само еден месец од неговото доаѓање на чело на оваа претпријатие.
Директорот Халили лично им ја соопшти одлуката за покачување на платата на вработените кои со задоволство ја поздравија истата. Директорот Халили изјави дека ќе се залага и во иднина за понатамошно подобрување на условите на работа и покачување на платите на вработените.