Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железници на Република Северна Македонија, д-р Хари Локвенец оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, неговата екселенција д-р Георг Вуцас.

На средбата беше дискутирано за тековните и планираните проекти во секторот на железничката инфраструктура на Република Северна Македонија, односно за нивната важност и успешната имплементација во наредниот период. Исто така, беше разговарано и за потенцијална идна соработка во останатите области од заеднички интерес.