Втор состанок на Мрежата на Управители на инфраструктура
Денеска, 9-ти мај 2022 година во хотелот Лаки во Охрид во 14.00 часот започна 2-от состанок на Мрежата на Управители на инфраструктура, формирана во рамките на Транспортната заедница .
На состанокот учествуваат претставници на Управителите на инфраструктура на Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина , Косово и Србија, како и претставници на Транспортната заедница и Министерството за транспорт и врски на Македонија.
Состанокот го отворија со поздравни говори г. Матеј Законшек , директор на Транспортната заедница и г. Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, воедно и претседател на Мрежата на Управители на Инфраструктура.
На состанокот ќе се разгледат правилникот и процедурите на Мрежата на Управители на Инфраструктура и ќе се избере потпретседател.
На дневен ред е исто така точката за запознавање со идејата за формирање на регионален железнички центар.