Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, м-р Зоран Трифуновски учествува на дводневна конференција за овозможување на регионална конвергенција кон единствениот пазар на ЕУ, која се одржува на 22 и 23 февруари во Тирана. Целта на конференцијата насловена како „Западен Балкан: Програма за олеснување на трговијата и транспортот“ е да ги собере носителите на одлуки во Западен Балкан за да ги разгледаат предложените активности што ќе се финансираат во рамките на TTFP 2.0 програмата, да се договорат приоритетите, да се усовршат целите на проектот и да се идентификуваат преостанатите празнини во концептот.
Директорот Трифуновски во рамките на посетата во Тирана оствари повеќе билатерални средби. Тој се сретна со претставници од Светска банка, со заменик министерот за економија, култура и иновации г-динот Ендрит Узеирај, како и со премиерот на Република Албанија, г-динот Еди Рама. На овие средби се разговараше за можностите за соработка и потенцијалните инвестициии во железничката инфраструктура со цел да олесни и забрза железничкото поврзување помеѓу Република Северна Македонија и Албанија, како и со земјите од регионот.