Директорот на ЈП за  Железничката Инфраструктура , Железници на Република Северна Македонија-Скопје, г-дин Фестим Халили и генералниот директор на Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Бугарија Красимир Папукчиски, на 11 февруари 2020 година одржаа билатерална средба.
На состанокот што се одржа во канцелариите на Бугарските железници во Софија, тие разговараа, меѓу другото, за продолжување на соработката меѓу двете железнички компании насочени кон железничката врска меѓу Македонија и Бугарија преку Коридорот 8.
На средбата беше презентирана досегашната работа на Бугарските железници и се планира да се формира заеднички тим на експерти помеѓу двете земји, со цел да се соработува на железничкиот проект на железничката пруга на  Коридор 8.Генералниот директор на Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Бугарија Красимир Папукчиски вети дека во блиска иднина и тој истотака ќе ги посети Македонските Железници.