Денеска славиме 148 години од постоењето на железницата на овие простори, односно со пристигнувањето на првиот воз на 9-ти април 1873 година од Солун за Велес.
Директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец им го честита празникот на вработените, посакувајќи им успешна и плодна работа.
На брифингот што го одржа денеска по повод празникот, меѓу другото тој го истакна следново:
„Во мандатот од кој поминаа нецели пет месеци приоритетни се две цели:
Подобрување и осовременување на техничкото ниво на инфраструктурата на постоечките пруги , што би значело и зголемување на безбедноста во железничкиот сообракај.
Изградба на Коридорот 8 на источниот и западниот дел, како врвен приоритет за државата, со што граѓаните и фирмите би имале железнички пристап до Црно и Јадранско море, од исклучителна важност за развојот на економијата и зачувувањето на животната средина.“