На 19 февруари 2020 година во Брисел  се одржа 65-то Генералното собрание на ЦЕР, на кое освен генералните директори на членките на ЦЕР, учествуваа исто така претставници на  УИЦ, ЦИТ, како и гости од Европската комисија и Железничката Агенција на ЕУ.
Генералното собрание беше одржано во два дела. Во првиот дел  Henrik Hololei, генерален директор за мобилност и транспорт во Европската Комисија  го презентираше европскиот Зелен Пакт и Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на ЕУ (Green Deal   &  Sustainable and Smart Mobility Strategy), нагласувајќи дека без железничкиот транспорт не би постоело Зелен Пакт   бидејќи токму железницата е е една од најефикасниот енергетски начин на превоз, но сепак дека железницата треба да има многу поголема улога отколку што ја има денес. Тој побара од главните чинители железницата да ја направат реална алтернатива на авионскиот и патниот превоз со надминување на бариерите и зголемување на уделот на товарниот железнички транспорт, со подобра искористеност на железничкиот капацитет, забрзување на распоредувањето на ЕРТМС, да се направи железницата поатрактивна со побрз пристап до билети, а пред се за прекугранични патувања.
Во вториот дел беше направен изборот на новото раководство на ЦЕР.
Г. Andreas Matthӓ (ОББ) е избран  едногласно за претседател на ЦЕР за периодот 2020-2021 година. Генералното собрание го одобри исто така назначувањето на Jean-Pierre Farandou (SNCF)и Mantas Bartuska (LT) за членови на  Управниот одбор на ЦЕР.  На собранието му беше презентирана новата хронологија  на постапката за избор на нов Генерален директор на ЦЕР.  Целата постапка завршува  со финалната препорака на кандидатот на Генералното собрание  во септември 2020.
Г. Либор Лохман го презентираше  хронолошкиот ред на иницијативи според Зелениот Пакт  како и други инцијативи кои не се поврзани со тоа но се важни за железничкиот сектор.
Елизабета Брагина (ЦЕР) направи презентација на  правниот портал на ЦЕР, каде можат  на едно место да се најдат правните акти  за железничкиот сектор.  Г.Matthӓ  нагласи дека оваа е многу корисна алатка за членовите на ЦЕР.
Идното генерално собрание ќе се одржи на 21 септември 2020 година во Берлин.