Директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Зоран Трифуновски со неговите соработници учествуваа на 17-от состанок на Техничкиот комитет за железници  на Транспортната Заедница којшто се одржи на 5-ти октомври 2023 година во Загреб. Состанокот беше фокусиран на две клучни теми, прво, се дискутираше и презентираше Финалниот Драфт Извештај за прогрес во врска со имплементацијата на Железничкиот Акциски план. Овој Извештај, подготвен во соработка со регионалните партнери ќе биде усвоен од Регионалниот управен комитет и министерскиот совет на состаноци планирани во октомври и ноември оваа година.

Втората тема беше драфт ТЕН извештајот подготвен од Секретаријатот на Транспортната Заедница во врска со потенцијалнто проширување на ТЕН-Т железничката мрежа на Западен Балкан. На овој состанок учесниците  дискутираа за истиот којшто ја одразува состојбата на железничката мрежа во Западен Балкан и нејиното усогласување со условите на ТЕН-Т.

На состанокот учествуваа претставници од од сите земји во регионот.

Во попладневните часови на 5 октомври 2023 година, директорот Зоран Трифуновски имаше и билатерална средба со својот хрватски колега Дарко Баришиќ. На средбата се разговараше за развојот  на инфраструктурните проекти, како и за начинот на нивно финансирање. Се разговараше и за либерализацијата на пазарот на железничкиот сообраќај. На состанокот беше потенцирана важноста на улогата на железничкото поврзување во регионот.