Проектирање

Одделението за проектирање извршува проектантски работи за потребите на ЈП МЖ Инфраструктура, а во одредени случаи изработува документација и за надворешни инвеститори:

1. За ЈП МЖ Инфраструктура изработуваме инвестиционо – техничка документација за:

– Инвестиционо техничка документација на ниво претпроекти и идејни проекти за нови железнички пруги во рамките на мрежата на ЈП МЖ

– Основни проекти за ремонти и реконструкција на пругите во рамките на ЈП МЖ

– Основни проекти за изградба на нови и санација на постоечките станични објекти (станични згради, магацини и други постројки

– Основни проекти за санација на постоечки и изградба на нови објекти од долен строј на пругите (мостови, пропусти, потпорни ѕидови, санација на свлечишта и други)

2. За надворешни инвеститори, изработуваме и ги изведуваме следните проектни работи:

– Проекти за индустриски пруги и колосеци за надворешни корисници на железнички услуги, пред се за поголеми стопански субјекти со потреба од масовен транспорт