Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје врши услуга: Одржување на индустриски колосеци

Нарачувачот на услугата е сопственик на индустрискиот колосек. Под редовно одржување на колосекот и постројките се подразбира регулирање на колосекот и свртниците по насока и нивелета, исправување ширина на колосекот и свртниците под размерник, одделна замена на прагови во колосек и свртници со обични и свртнички прагови само редовна работа, замена на ситен колосечен прибор, замена на застарениот материјал, замена на одделни колосечни свртнички елементи, одржување на горниот строј, одржување на електротехнички постројки, СС постројки и свртнички брави, лизгалки и сигнали со поединечна замена на одделни елементи. Обврските на вршителот, обврските на нарачувачот и останатите одредби се дефинираат во Договорот што го склучуваат вршителот и нарачувачот на услугата. Норма часот за одделни работи се пресметува согласно Нормативите од контни