ИЗВЕСТУВАЊЕ
На 15 март 2020 година на пругата Велес- Битола во 22.00 часот дошло до одрон на пругата на стационажа км 22 + 270 помеѓу СТО Стариград и Стојалиште Мартолци. Над 1000 м3 камен материјал е одронет на пругата во должина од 10 м.
Екипите на стручните служби на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РС Македонија работат на отстранувањето на одронот. Бидејќи одронот се случил во длабок усек екипите работат само со две машини за расчистување, од двете страни по една бидејќи нема простор за повеќе машини.
Токму поради ова се очекува пругата да биде расчистена во времетраење од 3 до 5 дена.