Патниот премин на км 41+360 на железничката пруга Ѓорче Петров – Кичево меѓу железничките станици Јегуновце и Тетово, во ниво со локалниот пат во населеното место Порој, општина Тетово, досега беше патен премин од III категорија, осигуран со сообраќајни знаци на патната сигнализација.

На барање на месното население, со цел за зголемување на безбедноста на сообраќајот, подигнат е степенот на осигурување, со дополнително обезбедување на патниот премин со вградување на механички полубраници со кои ќе ракува овластен железнички работник – чувар на преминот.

Денес, 16.09.2020 година во 12:00 часот, предводени од Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, Г-дин Фестим Халили, менаџерскиот тим и стручните служби, со присуство на претставници на месното население беше пуштен во работа новиот начин на обезбедување на патниот премин.

Благодарност до месното население за соработката за успешна реализација на овој проект за зголемување на безбедноста на сообраќајот.