Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија-Скопје, Г. Фестим Халили и Г. Питер Мим, ИПА менаџер на проектот од Европската железничка агенција ја потпишаа Декларацијата за култура на безбедност на 13 ноември 2019 година во Белград.
Декларацијата е потпишана во рамките на ИПА самитот за потпишување на оваа Декларација којшто се одржа на 13 и 14 ноември 2019 година во Белград во организација на Железничката агенција на Европската Унија и Директоратот на Српски железници.
На ИПА самитот учествуваа Управители на инфраструктура, Железнички транспортни претпријатија и Национални тела за безбедност во железничкиот сектор од регионот.