Инспекција за труд
Posted on 24.Nov.2011
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУД Сл.Весник на Р.Македонија бр. 35/97 од 23.07.1997 година

Член 1
Со овој закон се уредуваат организацијата и работата на Републичкиот инспекторат за труд (во натамошниот текст: Инспекторат) кој врши инспекциски надзор над примената на законите и другите прописи за работни односи, вработување и заштита при работа и на колективните договори, договорите за работа и другите акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавците во областа на работните односи,работувањето и заштитата при работа.

Член 2
Како “работи на инспекцискиот надзор”, во смисла на овој закон, се сметаат управните и други мерки, кои во согласност со закон ги преземаат инспекторите на труд во вршењето на инспекцискиот надзор.
Како “пропис”, во смисла на овој закон, се смета секој закон и подзаконскиакт, колективен договор, договор за работа како и други акти наработодавецот со кој се утврдени правата, обврските и одговорностите од областа на работните односи, вработувањето и заштита при работа.

Член 3
Инспекторатот е орган во состав на Министерството за труд и социјална политика.
Со Инспекторатот раководи главен републички инспектор за труд (во натамошниот текст: главен инспектор).

Член 4
Инспекторатот обезбедува единствено спроведување и мерките од областана работните односи и заштита при работа и е одговорен за нивното спроведување во рамките на својата надлежност.
Инспекторатот се грижи за унапредување на инспекцискиот надзор и за стручно усовршување на инспекторите.

Член 5
Работите на инспекцискиот надзор во рамките на надлежностите на Инспекторатот утврдени со закон, непосредно ги вршат републички инспектори на труд (во натамошниот текст: инспектор).
На инспекторот не може да му се доверат други работи кои ќе бидатпречка за вршење на неговата основна работа или на било кој начин ќе му
наштетат на угледот и непристрасноста во вршењето на неговатафункција.

Член 6
Инспекторот е самостоен во вршењето на инспекцискиот надзор и во преземањето на управни и други мерки утврдени со закон.

Член 7
Овластувањето за вршење инспекциски надзор инспекторот го докажува со легитимација.
Легитимацијата на инспекторот ја издава министерот за труд и социјална политика.
Образецот на легитимацијата на инспекторот и начинот на нејзиното издавање го пропишува министерот за труд и социјална политика.

Член 8
За инспектор може да се назначи лице кое има висока стручна подготовка
- правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа и најмалку три години работно искуство во струката по дипломирањето.

Член 9
Во вршењето на работите на инспекцискиот надзор, инспекторот е должен да постапува според прописите на управната постапка, освен кога е тоа поинаку определено со закон.
Инспекторот е одговорен ако пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе, во постапката на надзорот.
Инспекторот не смее да врши надзор кај работодавецот каде што тој или член на неговото потесно семејство е сопственик или сосопственик, член на управниот одбор, директор или каде што тој или член на неговото потесно семејство имаат материјален или друг интерес.

Член 10
Во вршењето на работите на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен, во секое време на денот и ноќта, да влезе во просториите на работодавецот, без претходно најавување и без оглед на работното време на работодавецот.
Веднаш по влегувањето, инспекторот е должен, за своето присуство да го извести работоводниот орган, односно законскиот застапник или друг овластен работник на работодавецот, доколку истите се присутни во просториите на работодавецот. Отсуството на тоа лице не може да биде пречка за вршење на инспекциски надзор.
Работодавецот е должен, на инспекторот да му овозможи непречено вршење на надзорот и на негово барање да му даде односно да му достави на определено место и во определено време, списи, акти, информации и други податоци, потребни за вршење на инспекцискиот надзор.

Член 11
Во вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот има право да влегува и да ги прегледува сите работни простории и работни места и да направи увид во сите делови на техничко- технолошкиот процес на трудот, на средствата за работа, на заштитните средства и опрема, на условите за работа, на деловните книги, исправите, договорите и другите документи и акти на работодавецот. Во постапката на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен да прибира потребни податоци и информации, да зема изјави од работници, да издава усмени и писмени наредби и по потреба да побара асистенција од надлежен државен орган.
Инспекторот е овластен, во постапката на инспекцискиот надзор да бара лични исправи (лична карта, пасош и слично) од лицата затекнати на работа кај работодавецот, кои се должни бараните исправи да ги дадат на увид. Усмената наредба треба да биде записнички констатирана и по истата, во рок од 24 часа, мора да се донесе решение.

Член 12
Инспекторот може привремено да земе документација на работодавецот која е потребна за обезбедување на доказите и утврдување на фактичката состојба во областа за која се врши надзор.
Одземената документација во смисла на став 1 од овој член може да се задржи најмногу осум дена.
При одземањето на документацијата, инспекторот ќе му издаде на работодавецот потврда, во која е назначена одземената документација и рокот на нејзиното враќање.

Член 13
Инспекторот е должен најмалку еднаш годишно да изврши инспекциски надзор над примената на прописите за работни односи и заштита при работа кај работодавците во областа на индустријата, трговијата, градежништвото, земјоделството, шумарството, сообраќајот, комуналните дејности, занаетчиството, угостителството и во училишните и
факултетските работилници и лаборатории за практична настава, а кај другите работодавци, според програмата за работа, најмалку еднаш во три години.

Член 14
Инспекторот е должен да состави записник за извршениот инспекциски
надзор кој содржи податоци, особено за денот и часот на инспекцискиот
надзор, работодавецот, констатираната состојба и изречените мерки.
Примерок од записникот за извршениот инспекциски надзор му се предава односно доставува на работодавецот.
Инспекторот е должен, податоците за извршениот инспекциски надзор и за преземените мерки да ги запише во книгата за надзор која се чува кај работодавецот.
Образецот на книгата за надзор и начинот на нејзиното водење го пропишува министерот за труд и социјална политика.

Член 15
Инспекторот е должен, во текот на траењето и по престанокот на неговата функција, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, кои со пропис или со општ акт на работодавецот се утврдени како државна, воена, службена или деловна тајна, податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописите,како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава.
Работодавецот е должен, при вршењето на инспекцискиот надзор, да го предупреди инспекторот за тоа што се смета во прописите, односно неговите акти за државна, воена, службена и деловна тајна.

Член16
Инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа.
Барањето од став 1 на овој член, работникот може да го поднесе писмено или да го изјави усмено пред инспекторот.
Инспекторот е должен, на подносителот на барањето, да му достави писмено известување за утврдената состојба.
Инспекциска заштита, односно интервенција во согласност со одредбите на овој закон може да побараат и лицата пријавени на јавен оглас заради вработување.

Член 17
Ако инспекторот утврди повреда на прописите над чија примена врши надзор, донесува решение согласно со законот.

Член 18
Кога во согласност со закон, инспекторот со решение ќе ја забрани работата на работодавецот во целина, во негов дел кој претставува техничко- технолошка целина, на одделено работно место или на орудие за работа на механизиран погон, ќе изврши запечатување на истите.
Запечатувањето на став 1 на овој член се означува со жиг на инспекцијата на труд. Содржината и формата на жигот ја определува министерот за труд и Социјална политика.
Заради отстранување на утврдените неправилности и недостатоци, поради кои е изречена забраната за работа, по писмено барање на работодавецот, инспекторот ќе изврши отпечатување на работните простории и места, односно на орудијата за работа на механизиран погон.

Член19
Против секое решение на инспекторот може да се изјави жалба до министерот за труд и социјална политика, во рок од осум дена од денот на приемот на решението.
Против конечно решение на инспекторот со кое е одложена од
извршување конечната одлука на работодавецот, против која се води спор пред надлежниот суд, не може да се поведе управен спор.

Член 20
Ако повредата на прописот претставува прекршок или кривично дело, инспекторот е должен до надлежниот орган да поднесе барање, односно пријава за поведување на соодветна постапка.
Органот на кој му е поднесено барањето, односно пријавата од став 1 на овој член е должен, за својата одлука да го извести инспекторот.
Кога инспекторот ќе утврди повреда на пропис од надлежност на друг орган, должен е за тоа да го извести надлежниот орган.

Член 21
Врз основа на известување за смртен случај, колективна повреда и потешка повреда на работа, како и за недостатоци во примената на прописите за заштита при работа кои ја загрозуваат или би можеле да ја загрозат безбедноста на работниците при работа, инспекторот е должен веднаш да изврши увид на лице место заради преземање на соодветни мерки.
Упатство за вршење на увид на смртни случаи, колективни и потешки повреди на работа, донесува министерот за труд и социјална политика.
Инспекторот е должен да го извести главниот инспектор за секој смртен случај, колективна повреда и потешка повреда на работа, веднаш по нивното случување.

Член 22
Со парична казна од 150.000 до 250.000 денари ќе се казни за прекршок работодавецот ако:
1) го спречи, односно попречува инспекторот на труд во вршењето на работите на инспекцискиот надзор (членови 10,11 и 12) и
2) ги отпечати запечатените работни простории, работни места или орудија за работа ва механизиран погон на работодавецот (член 18 ставови 1 и 2).
За прекршокот од став 1 на овој член, ќе се казни одговорното лице кај работодавецот со парична казна од 15.000 до 35.000 денари.
За прекршокот од став 1 на овој член ќе се казни физичко лице кое самостојно врши дејност или професија, со парична казна од 35.000 до 50.000 денари.
За прекршокот од став 1 ва овој член, на одговорното лице ќе му се изрече мерката забрана на вршење на работите и работните задачи што ги врши, односно на должноста, во траење од пет месеци до една година.

Член 23
Министерот за труд и социјална политика, во рок од шест месеци од денот
на влегувањето во сила на овој закон, ќе ги пропише:
- образецот на легитимацијата на инспекторот на труд,
- образецот на книгата за надзор и начинот на нејзино водење и чување,
- упатството за вршење увид на смртни случаи, колективни и потешки
повреди на работа и
- содржината и формата на жигот.

Член 24
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за инспекцијата на трудот (“Службен весник на СРМ” број 31/85, 51/88, 23/90, 17/ 91 и “Службен весник на Република Македонија” број 32/93), освен одредбите од членовите 16, 17, 18, 19 и 26 став 3.

Член 25
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG