Светска банка во посета на ЈП МЖ Инфраструктура

Делегацијата од канцеларијата на Светска банка  во посета на ЈП МЖ Инфраструктура

 

На 09.03.2012 година Делегација од канцелеријата на Светска банка во Скопје беше во посета на ЈП МЖ инфраструктура .

Представниците од Светска банка се интересираа за реализацијата на проектите каде што беа користени кредити од Светската банка, при што  го посетија диспечерскиот центар за далечинска регулација на сообраќајот – Телекоманда кој се наоѓа во Трубарево.

Тие можеа лично да се уверат во функционирање на системот и регулирањето на сообраќајот вдолж целиот Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.

Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Ирфан  Асани ги запозна гостите со реализацијата на сите досегашни проекти за кои финансиски средства беа обезбедени преку кредити од Светската банка.

Последниве години Светска банка финансираше во две области за железница и тоа:

 

  1. Реформи во железницата ( Railway reform) кој се состоеше од компонентите:

 

  • Техничка помош за преструктуирање на железницата
  • Социјална компонента
  • Механизација за одржување на пруги и модернизација на инфраструктурата

 

  1. Олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа

      ( ТТФС ) кој се состоеше од следниве компонентите за железница :

                       

  • Подобрување на граничните премини за железничкиот сообраќај
  • Креирање на комуникациски систем на Коридорот 10 на железничкиот сообраќај

 

При тоа  беа реализирани следниве проекти:

 

·         Изработка на Студија за намалување на трошоците и вработените

·         Изработка на студија за трансформација на железницата

·         Изработка на студија за пристап кон инфраструктурата

·         Набавка на механизација како дрезини , двонаменски возила и сервисни возила за ефикасност во одржувањето на инфраструктурата

·         Набавка на шини и прагови

·         Набавка на оптички кабел за Коридорот 10, со опрема за поставување спојување и мерење

·         Набавка на мултиплексни уреди за интегрирана ТК мрежа

·         Набавка на систем за далечинско управување со сообраќајот – Телекоманда

·         Набавка на информатичка опрема

·         Информатички систем за управување со инфраструктурата

 

Посебно беше истакнато дека сите проекти се навреме имплементирани и успешно завршени  и ЈП МЖ Инфраструктура веќе ги користи бенефитите од нив.

Со инсталирање на најсовремена опрема за Интегрираната комуникациска мрежа и системот за далечинско управување со сообраќајот, ЈП МЖ Инфраструктура може да се вброи во најмодерните железници на Балканот па и пошироко.

На крајот Директорот  Асани истакна дека трендот на модернизација мора да продолжи во делот на рехабилитација на системите во железничките станици  кои се застарени заради што е потребна нивна замена, како и зголемување на ефикасноста и мобилноста на екипите за отклонување на дефектите со набавка на поголем број на дрезини, сервисни и двонаменски возила, за што очекува подршка и продолжување на успешната соработка со Светска банка.

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG