Обнова на возен парк
Со финансиски средства добиени како кредит од Светската банка за подршка на одржувањето на инфраструктурните уреди и постројки, ЈП МЖ Инфраструктура започна со обнова на возниот парк и купи две сервисни теренски возила .

Целокупната работа како теренска така и административна ЈП МЖ Инфраструктура ја извршува со  триесетина теренски и патнички возила од кои 23 возила се постари од 10 години ,а останатите се со старост од 2 до 6 години.Дел од возилата посебно оние теренските се со голем број на километри и на крајот од работниот век, што доведува до големи трошоци за нивно редовно одржување
( околу 2.000.000 денари годишно ) кои од година во година се мултиплицираат се повеќе .Згора на се почестите дефекти и потребата од време за постапка за набавка на соодветните резервни делови , или пак потребата за сервисирање на соодветните возила, ги става надвор од употреба истите  , што дополнително ја отежнува ситуацијата односно се намалува бројот на расположиви возила кои се користат. Со средствата обезбедени од кредитот од Светската банка пред неколку години набавени се 9 сервисни возила , но потребата од ваков тип на возила е далеку поголема Новите инвестициски вложувања како што е телекомандата на сообраќајот бара брза интервенција за отклонувањето на дефектите , со оглед на тоа што со активирање на инвестицијата затворивме повеќе железнички станици , а тоа значи дека истите не се поседнати со персонал за регулирање на сообраќајот.Од друга страна тоа значи дека потребна е брза интервенција за отклонување на дефектите заради функционирање на системот за далечинско управување со сообраќајот. Токму заради тоа новите сервисни теренски возила ќе придонесат за ефикасност на мобилните дежурни екипи за отклонување на дефектите на сигнално-сигурносните и телекомуникациски уреди и постројки , а се со цел зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај на пругите во  Македонија.
 



11.03.2012
 
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG