Започната реализацијата на проектот „ Мулти модален терминал"
Започната реализацијата на проектот „ Мулти модален терминал во жел.станица Товарна – Скопје “
По иницијатива на ЈП МЖ Инфраструктура ,а со подршка на
Министерството за транспорт и врски и царинската упава на Р.М. започна активност за Желзничката станица Товарна Скопје постане цариснски терминал за железнички вагони и камиони. Инвестицијата за оспособување на просторот и придружните објекти да можат да бидат во функција на извршување на работата ќе биде со сопствени средства на ЈП МЖ Инфраструктура.
Најпрво ке се направи проект заради изнаоѓање на најдобро сообраќајно решение за просторот , а потоа  би се извршило реновирање, оспособување и вградување на следниве елементи : 

a. Поставување на портирница со контролна рампа
b. Средување на просториите во зградата
c. Монтажа на систем за видеонадзор со видеомониторинг
d. Монтажа на систем за разглас
e. Поставување на колска вага
f. Средување на санитарните јазли
g. Средување на магацинскиот простор
h. Реконструкција на железничката вага
i. Реконструкција на рефлекторскиот систем за осветлување

Првично ке се стави во функција царинењето на стоката превезувана со железнички вагони и тоа до Април 2012 година.  Терминалот за камиони бара поголеми инвестиции и градежни захвати што би се направило за неколку месеци.
Овој проект е од големо значење за Република Македонија бидејки ќе представува прв мулти  модален царински терминал, со кој се обезбедува на едно место царинење на стоката , претовар на стоката и нејзина испостава до одредената локација.     

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG