ИСО 9001/2008 во ЈП МЖИ
Започна работатата за воведување  на стандардизација по ИСО
       9001/2008 во ЈП МЖ Инфраструктура .
Посебна комисија формирана во ЈП МЖ Инфраструктура започна со работа заедно со  сертифицирана фирма за да може да се направат услови за воведување на стандардот ИСО 9001 кој представува законска одредба. ИСО 9001 е систем за управување со квалитетот на начин со кој јавните институции можат да ги насочуваат и контролираат своите активности. Генерално тој ја содржи организационата структура заедно со плановите , процесите и документациите што се потребни за да се обезбедат квалитетни цели и континуирано подобрување на услугите. Актуелните општи упатства имаат цел да им помогнат на јавните институции да се однесуваат согласно со концептот на системот за управување со квалитет.По обуката и примената , добивање на сертификатот се очекува во првата половина на 2012 година. 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG