Велес – Битола
Заврши изградбата на осигурување со сигнално-сигурносни уреди на
            седум патни премини на пругата Велес – Битола . 
Овој проект е реализиран со опрема набавена дел од сопствени средства ,а еден дел од предхордно набавена опрема . Изградбата е финансирана од буџетот на РМ , а изведбените работи ги извршија вработените во ЈП МЖ Инфраструктура . Четири патни премини се на делот Велес – Прилеп , додека три се на делот Прилеп – Битола и тоа :

ПП на км. 3+403 Киро Ќучук
ПП на км. 5+394 Превалец
ПП на км. 8+747 Порцеланка
ПП на км. 9+316 Пашин мост
ПП на км.108+310 Лознани
ПП на км. 110+472 Вашарејца1
ПП на км. 110+675 Вашарејца2

Со реализација на овој проект се зголемува безбедноста на патните премини. Учесниците во патниот сообраќај со светлосна и звучна индикација се информираат и предупредуваат кога наидува возот, односно кога може безбедно да ја поминат железничката пруга .       
Пуштањето во редовна работа се очекува на почетокот на 2012 година по добивање на Одобрението за  употреба .

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG