Тетово – Гостивар
На 15.11.2011 година беа пуштени во редовна работа пет патни премини осигурани со сигнално-сигурносни уреди на потегот Тетово – Гостивар. 
Овој проект е дел од проектот „ Осигурување на 14 патни премини на железничката пруга Г.Петров – Кичево “ . За реализација на работите користена е донирана опрема како донација од САД. Изградбата е финансирана од буџетот на РМ , а изведбените работи ги извршија вработените во ЈП МЖ Инфраструктура Премините се на територијата на општините Тетово, Боговиње и Гостивар и тоа:

ПП на км. 50+577 кај с. Камењане
ПП на км. 51+823 кај с. Седларце
ПП на км. 56+337 кај с. Боговиње
ПП на км. 59+050 кај с. Врановци
ППна км. 61++048 кај с. Тумчеиште

На овој дел од железничката пруга во минатото се случуваа голем број на несреќни случаи од кои во поголем број покрај матерјалната штета имало и несреќи со смртни последици. Затоа беа избрани најфрекфентните места за осигурување на премините со сигнално сигурносни уреди.
Со реализација на овој проект се зголемува безбедноста на патните премини. Учесниците во патниот сообраќај со светлосна и звучна индикација се информираат и предупредуваат кога наидува возот, односно кога може безбедно да ја поминат железничката пруга .Поточно околу една минута  пред возот да наиде на тоа место,  се пали наизменично црвено светло и се вклучува звучно звоно со што се предупредуваат возачите на патничките возила да стојат се додека возот не помине . 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG