RNE

На Генералното собрание на асоцијацијата РНЕ  одржано на 01.12.2011

      година во Виена  едногласно беше изгласано ЈП Македонски

      железници-Инфраструктура да станат полноправен членка на оваа

      Европска асоцијација   01.01.2012 година.

Тоа е европска асоцијација на Управители на Инфраструктурата во која членуваат речиси сите Европски железнички компании.Со полноправното членство ЈП МЖ Инфраструктура ќе може активно да учествува и да дава свој допринос во возниот ред за регионот , соработка посебно со државите во регионот на полето на сообраќајот, заеднички маркртинг и продажни пристапи преку Објавите на мрежи и поставување на општите услови за користење на инфраструктурата.

Основна цел на РНЕ е развивање и подобрување на меѓународниот железнички бизнис , а за да се постигне тоа тие се фокусираат на целиот процес на железничката инфраструктура како производ, а ова пак го вклучува усогласувањето на членките на долгорочно планирање , изработка на возниот ред, маркетинг и продажба , организација на сообраќајот како и мониторинг и известување помеѓу членките.РНЕ работи во 6 работни групи и тоа:



Операрации и пост продажни услуги

Објава на мрежа

Правни работи

Продажба и возен ред

Коридори

Информативен систем




РНЕ го хармонизира процесот на правење возен ред и барањата за меѓународни возни траси. Хармонизираните процедури и рокови важат за сите членки во мрежата на РНЕ.Членките на РНЕ заеднички ги усогласуваат условите за координиран пристап за промовирање на европскиот железнички бизнис од гледна точка на железничката инфраструктура. Во РНЕ се вклучени 38 управители на железнички инфраструктури . Севкупно партнерите на РНЕ управуваат со мрежа од приближно 230.000 километри железничка инфраструктура.


ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG