Проекти што се завршени во 2011 година

А)  КОРИДОР 10 и 10д

 

  1. Монтажа на АПБ ( автоматски пружен блок ) и осигурување со сигнално-сигурносни уреди на 9 патни премини на делницата Клисура – Гевгелија......................................................................................2.000.000 Е

За реализација на овој проект користена е предходно монтирана опрема уште од 1995 година. Изградбата беше финансирана од буџетот на РМ , а изведбените работи ги извршија вработените од ЈП МЖ Инфраструктура.                   

Со овој проект се заокружува технолошката целина на пругата Коридор 10 од Табановци до Гевгелија. Овој систем ја зголемува пропусната моќ на пругата , бидејки дава можност повеќе возови да се движат едноподруго во ист смер на безбедно растојание во просторот помеѓу две железнички станици , а со тоа го намалува возното време и ја зголемува безбедноста во сообраќајот. 

  1. Интегрирана комуникациска мрежа...........................................3.520.000 Е

За реализација на овој проект користена е донирана опрема од ТДА-САД во оптички кабел со пропратна опрема и кредит од Светска банка за мултиплексни комуникациски уреди.Изградбата беше финансирана од буџетот  на РМ за оптичката мрежа што ја извршија вработените од ЈП МЖ Инфраструктура.

Овој проект се протега на целиот Коридор 10 од Табановци до Гевгелија на релацијата и на делот Скопје – Волково . Важно за овој проект беше покривањето со телекомуникациски врски на  погранични станици Табановци, Волково и Гевгелија.

Системот овозможува брз пренос на големи количини на информации за потребите на ЈП МЖ Инфраструктура , за потребите на некои државни јавни претпријатија , како и дел за изнајмување на надворешни оператори со телекомуникациски услуги во РМ.   Преносот преку оптичкиот кабел со користење на мултиплексните уреди целосно го замени предходниот пренос преку бакарните каблови со ограничен капацитет и висок степен на амортизација.

  1. Далечинско управување со сообраќајот ( Телекоманда )..........2.000.000 Е

За реализација на овој проект користен е кредит од Светска банка и предходно набавена опрема за прилагодување на сигнално-сигурносните постројки за можност на далечинско управување.Изградбата е финансирана од буџетот на Р Македонија , а изведбените работи ги извршија вработените во ЈП МЖ Инфраструктура .Овој систем е инсталиран на железничката линија на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија. Системот овозможува централно управување со сообраќајот од командниот центар во Трубарево, ја зголемува ефикасноста во работата и пропусната моќ на пругата.Оперативната служба има целосен преглед на севкупната сообраќајна ситуација на Коридорот 10 и може ефикасно и рационално да го организира и управува сообраќајот вдолж целата  железничка линија.

  1. Ремонт на пругата Неготино – Дуброво..................................2.000.000 Е

За реализација на овој проект финансиските средства беа обезбедени од буџетот на Р. Македонија .Изработен е ремонт на железничка линија во должина од 6,2 километри, при што беа заменети дотраените дрвени прагови со бетонски и дел од шините.Со тоа се овозможи да на овој дел од пругата возовите се движат со брзина за која е проектирана пругата од 120 км/час .

  1. Осигурување со сигнално-сигурносни уреди на 7 патни премини на пругата Велес – Битола на Коридор 10д......................................................700.000 Е

За реализација на овој проект финансиските средства беа обезбедени од буџетот на Р. Македонија . Изградбата е во завршна фаза , а изведувач на работите се вработените во ЈП МЖ Инфраструктура.

Со реализација на овој проект зголемана е безбедноста во железничкиот сообраќај бидејки населението кое гравитира во таа област има додатни 7 места обезбедени со сигнални уреди каде што може безбедно да се премине со возило пругата која е во ниво со патот. На тие места со сигнална и звучна индикација се предупредуваат учесниците во сообраќајот за наидување на возот.

  1. Информациони систем за управување со инфраструктура..........620.000 Е

Овој проект е финансиран со кредит од Светска банка .Имплементацијата  на проектот е во завршна фаза.Проектот треба да обезбеди информации и извештаи за состојбата и квалитетот на пругата на целата железничка мрежа.Со негова имплементација ке се подигне на повисоко ниво следењето на редовното и инвестиционото одржување на пругите и постројките.

 

 

Б)  КОРИДОР 8

  1. Осигурување со сигнално-сигурносни уреди на 14 патни премини на пругата Ѓ.Петров – Гостивар..........................................................2.360.000 Е

Оваа инвестиција е реализирана со користење на донирана опрема од ТДА – САД . Изградбата е финансирана од буџетот на Р. Македонија , а изведбените работи ги извршија вработените во ЈП МЖ Инфраструктура.

Со реализација на овој проект зголемана е безбедноста во железничкиот сообраќај бидејки населението кое гравитира во таа област има додатни 14 места обезбедени со сигнални уреди каде што може безбедно да се премине со возило пругата која е во ниво со патот. На тие места со сигнална и звучна индикација се предупредуваат учесниците во сообраќајот за наидување на возот.На овој дел од пругата статистички гледано секоја година се случуваа по неколку сообраќајни несреќи со смртни последици , па придобивка на овој проект е во заштита на населението кое секојдневно има потреба од комуникација на двете страни од железничката линија.

 

  1. Интегрирана комуникациска мрежа Скопје - Тетово

За реализација на овој проект користена е донирана опрема од ТДА-САД во оптички кабел со пропратна опрема и кредит од Светска банка за мултиплексни комуникациски уреди.Изградбата беше финансирана од буџетот  на РМ за оптичката мрежа што ја извршија вработените од ЈП МЖ Инфраструктура.

Овој проект се протега покрај на целиот Коридор 10 од Табановци до Гевгелија  и на дел од Кородор 8 од Скопје до Тетово.

Системот овозможува брз пренос на големи количини на информации за потребите на ЈП МЖ Инфраструктура , како и дел за изнајмување на надворешни оператори со телекомуникациски услуги во РМ во тој регион.

  1. Интегрирана комуникциска мрежа Тетово-Гостивар

Овој проект е дел од вкупната Интегрирана комуникациска мрежа која се заврши во 2010 година , но останува уште полагањето на оптичкиот кабел во земја на делот Тетово – Гостивар во должина од 25 километри.Работите ке се изведат до крајот на 2011 година.

  1. Изработка на техничка документација за Коридор 8 на делот

      Крива Паланка – Бугарска граница................................................550.000 Е

За реализација на овој проект финансиските средства беа обезбедени од буџетот на Р. Македонија. Изработен е основниот проект за трасата за делот од Крива Паланка до граница со Р. Бугарија во должина од 23 километри од фирмата Балкан- консалтинг.За проектот направена е и ревизија и добиен позитивен извештај.

  1. Изработка на техничка документација за Коридор 8 на делот

Кичево – Лин ( Албанска граница ).................................................850.000 Е

За реализација на овој проект финансиските средства беа обезбедени од буџетот на Р. Македонија . Изработен е идеен проект , Физибилити студија и Студија за влијание на  животната средина  за делот од Кичево до Лин во должина од 63 километри.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG