JП МЖ-Инфраструктура го осудува штрајкот, новата реформска Влада да го либерализира пазарот
Јавното претпријатие Македонски Железници – инфраструктура најостро го осудува штрајкот на машинскиот персонал во Македонски Железници Транспорт.

Во цела оваа ситуација МЖ-Инфраструктура и МЖ Транспорт се заложници на една група работници - машиновозачи, бидејќи не постои друг оператор кој врши превоз на патници и стока , и поради тоа и двете компании , а посебно ЈП МЖ-Инфраструктура трпи огромни дневни загуби, бидејќи компаниите нивниот транспорт го пренасочуваат кон трети земји, односно превозот на нивните производи го вршат на друг начин.

Проблемите во железничкиот систем настанаа со измените на законот за железнички систем во ноември 2011 година, со кој спротивно на ЕУ директивите 2001/14 и 2012/34 се забрани либерализација на пазарот.

Оваа ново настаната ситуација и овозможи на МЖ Транспорт позиција на монопол. Со тоа на одредена група работници – моторовозачи им даде можност да го држат во заложништво целиот железнички систем. 

Како резултат на оваа погрешна политика искористеноста на капацитетот на железничката инфраструктура не е повеќе од 5-7 %, иако ЈП Македонски Железници Инфраструктура е подготвена во целост да ги задоволи потребите на многу повеќе оператори. 

Измените на овој Закон придонесоа загубите на двете компании да се зголемат , а посебно на ЈП МЖ Инфраструктура .

Затоа , ЈП Македонски Железници- Инфраструктура од новата Реформска Вллада бара да се врати законот и да дозволи либерализација на пазарот на железнички услуги во согласнот со европските директиви.

ЈП Македонски Железници Инфраструктура со либерализацијата на пазарот во железничкиот сообраќај ќе ги зголеми финансиските средства од наплата на надоместок за користењето на железничката инфраструктура.Ова покажува дека со либерализавија на железничкиот пазар во Република Македонија, 

 ЈП Македонски Железници Инфраструктура е подготвена да дава услуги и на други заинтересирани оператори кои сакаат да влезат на македонскиот пазар.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG