Асани: Новата влада треба да обезбеди фондови за железницата Македонија-Бугарија-Албанија
Проектот за изградба на железничка пруга која ќе ги поврзува Македонија, Бугарија и Албанија е во финална фаза.

Јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура од поодамна има преземено иницијатива за поврзување со двете соседни земји. Реализирањето на проектот се очекува да биде историски чекор за железничкиот сообраќај на овој дел од Балканот.

Директорот на Македонски железнички Ирфан Асани, вели дека француско-шпански конзорциум го изготви  проектот за делницата Кичево – Лин , и дека во моментов тој е даден на ревизија кај стручњаците од Градежниот факултет во Скопје.

Од Факултетот за градежништво за ТВ 21 објаснија дека и тие завршиле со првата фаза од ревизијата . 

Според очекувањата на директорот Асани, до јули оваа година ќе биде направена целосната ревизија на проектот, по што ќе следи објавување на тендер за изградба на железницата.

Но, за разлика од проектот кој се чини е речиси готов, многу поголеми нејаснотии остануваат за другиот дел од железничкото поврзување.

Изградбата на пруга од границата со Бугарија, низ Македонија, до границата со Албанија, се смета дека ќе чини половина милијарда евра.

Асани е оптимист и вели дека таа ќе биде во употреба до 2022 година.

Но засега главните работи и натаму се одвиваат само на хартија, во моментов на проект за делницата Крива – Паланка – Деве Баир, кој е последната алка за поврзување на Македонија со Бугарија, на Коридорот 8.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG