Благодарница за посебни придонеси за железничкиот систем на господинот Бранко Героски
Во деновите што следуваат,  ЈП Македонски Железници Инфраструктура управувано од “дечкото” Ирфан Асани ќе му врачи благодарница “за посебна заслуга ”, на експертот по железничкиот систем Бранко Героски, затоа што господинот експресно ги “утврдил” причините поради кои дошло до вчерашниот инцидент, пред тоа да го направи комисијата за утврдување на фактичката состојба.

Па господине Героски лично Ви се заблагударувам за тоа, но маратонот не е трка на 100 метри.

Ако вашите секојдневни колумни се од ваков карактер тогаш изнакажавме се.

Но бидејќи ние се трудиме да сме отворена, одговорна и професионална компанија и понатаму гарантираме безбедност на нашите пруги на сите што ги користат железничките услуги без разлика што Вие ни посакувате да “пичиме “.   

Со почит

Ирфан Асани, директор на ЈП Македонски Железници Инфраструктура
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG