Македонските железници со јапанско искуство ќе ја развиваат железничката инфраструктура
Генералниот директор на Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура, Ирфан Асани со своите соработници а придржуван од македонскиот амбасадор во Јапонија Андриана Цветковиќ, прв пат во историјата на македонските железници ја посетија  јапанската железничка компанија East Japan Railway Company.

Според прикажаните резултати во 2014 East Japan Railway Company поседува 7452 километри пруга и 1665 железнички станици низ која дневно се превезуваат 17 милиони патници. 

Македонската делегација беше пречекана од почесниот конзул на Република Македонија во Токио, Masatake Matcuda кој многу години бил генерален директор на јапонските железници.

Асани на  средбата со директорите за меѓунардни односи и финансии Yuji Fukushawa dhe Toru Takahashi, размениле идеи и искуства кои воедно се и основа според кои и ќе се официализира соработката меѓу двете компании.

Директорот Асани од Fukoshawa и Takahashi добил ветување, според која јапанската компанија  East Japan Railway Company, во краток временски период на македонските железници ќе и даде  силна и конкретна подршка за развојот и модернизирање на железничката инфраструктура во Македонија. 

Делегацијата на македонските железници го посетија и центарот за организација на железничкиот систем и тоа за сообраќај, електрокомуникации, одржување и менаџирање со итните случаи, процес кој е ставен во агендата за обуките кои ќе следуваат.

Во проделжение на посетата директорот Асани ја посетил и главната железничка станица во Токио каде беше пречекан од Takashi Etoh, шеф на оваа станица која воедно е најголема во Јапонија низ која дневно се транспортираат повеќе од 8 милиони патници.

Соговорниците разменија искуства, притоа заклучувајќи и поздравувајќи ја реконструкцијата и реорганизацијата на на железничката станица во Скопје, како неопходна потреба во правец на подигнување на бројот на патници кои употребуваат железнички сообраќај.

Посетата на македонската делегацијиа продолжи со презентација на методите за обука на вработените во железничката компанија East Japan Railway Company.

Директорот Асани презентираше конкретни планови за обука на вработените во Македонските железници и тоа во неколку облаасти и тоа во сигурноста на железничкиот сообраќај, подигнување на системи за сигнализација, системи за контролирање на ситуацијата долж целата пруга и контроли на безбедноста по визуелен пат во стационарните центри .

Двете страни се согласија планот за обука да почне во најкраток можен рок со кој се предвидува една група вработени во македонските железници да оди на обука во оваа јапанска железничка компанија.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG