ПУШТЕН ВО РАБОТА МУЛТИМОДАЛЕН ЦАРИНСКИ ТЕРМИНАЛ СКОПЈЕ - ТОВАРНА
Во инфраструктурниот циклус кој ја зафати железницата последниве години покрај реконструкцијата на коридорот 10, изградбата на првата делница од Коридорот 8, и рекнструкцијата на железничките станици.

ЈП МЖ Инфраструктура успеа да направи реконструкција и на жел. станица Скопје - Товарна со која ја оспособи таа да представува  мултимодален царински терминал.  

Идеата беше на една локација истовремено да може да се врши утовар , истовар и царинење на стоки кои се извршуваат со железнички вагони како и со товарни камиони, што беше подржана од Министерството за транспорт и врски и Царинската управа на Р.Македонија. 

За остварување на таа цел ЈП МЖ Инфраструктура во чија надлежност е железничката станица Скопје – Товарна пристапи кон  адаптација и санација на одредени делови на жел.станица , набавка на нови системи потребни за намената за која е предвидена, како и градежни активности поврзани со обезбедување на сообраќајно решение, за да може жел. Станица Скопје-Товарна да прерасне во  мултимодален  царински терминал. 

Согласно со финансиски средства , изградени, монтирани и адаптирани беа  следниве работи:
     
Заштитна ограда

 Влезно – излезна портирница со контролни рампи

 Колска вага

 Челична настрешница за вагата 

 Систем за електронско евидентирање на возила и издавање на терминалска белешка 

 Систем за видео надзор

Систем за  осветлување 

Санитарен јазол со гардероби и туш кабини 

Хоризонтално и вертикално обележување на паркинг местата 

Во меѓувреме ЈП МЖ Инфраструктура со Царинската управа на РМ склучи Договор за користење на мултимодалниот царински терминал Скопје – Товарна согласно со „ Упатството за минимални услови и начин на определување на работниот простор за увид и преглед на стоката од страна на царински органи “ За успешно функционирање на терминалот ЈП МЖ Инфраструктура направи промена на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места со тоа што го издвоивме работењето на терминалот во посебна „ Подружница мултимодален терминал “ во склоп на Секторот за сообракај. 

Отварањето на овој терминал ке допринесе до  зголемувањето на оперативната ефикасност , искористувањето на железничката мрежа, пренос на тежок товар и грижа за животната средина, полесен пристап на камионите од аспект на поволната локација на терминалот со  што го  прави овој проект атрактивен и применлив за во иднина.
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG