МЖ -Инфраструктура дел од конференцијата за сигурност во железничкиот сообраќаj
Генералниот Директорот  на  Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура, Ирфан Асани. присуствува на меѓународната конференцијата за напредокот на безбедноста на железничкиот сообраќај која се одржува во Салцбург Австрија. 

Oваа конференција е една од поважните од овој вид во железничкиот сектор во Европа и светот е организирана од австриските железници за транспорт и инфраструктура , свое учество земаат претставници и директори од повеќе железнички компании од светот. 

Целта на оваа конференција е зајакнувањето на сигирноста во железничкиот сообраќај во Европа и светот како и намаливање на сообраќајните несреќи. 

За сигурноста во железничкиот сообраќај во Европа и светот говореа  директорите на австриските, јапонските, германските и швајцарските.

Директорот Асани во своето обраќање пред присутните истакна дека сигурноста на железничкиот сообраќај во Македониаја е на високо ниво. 

Според него со последните инвестиции кои ги прави МЖ Инфраструктура се настојува жечезничкиот сообраќај во Македонија да биде најбезбеден во регионот и пошироко. 

Асани во рамките на овој собир се сретна  со голем број на директори на европски и светски железнички компании.  
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG