Нормализиран железничкиот сообраќај, Скопје-Тетово-Кичево

Поради обилните врнежи од дожд и невремето кое го погоди Тетовскиот регион на делот на Поројска река, го отежнаа нормалното одвивање на железничкиот сообраќај кон Кичево.

Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кал предизвикаа неколку часовен прекин на сообраќајот на пругата Ѓорче Петров –Кичево, односно неполни 2 километри пред Тетово.

Со вонредни напори на механизацијата и екипите на ЈП МЖ Инфраструктура успешно го отсранија големиот  нанос од камења, земја, дрвја и кал и сообраќајот повторно беше нормализиран, кој поради претпазливост се одвиваше намалена брзина од дозволеното.

Според првите проценките штетата која е направена на оваа железничка линија е околу 15 илјади евра

Екипите на ЈП МЖ Инфраструктура се на терен и  интензивно работат на целосно регулирање, расчистување на последиците и оштетувањето на пругата.

 

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG